Говор на омраза и наративи

Што точно претставува говор на омраза? Дали би можеле да го препознаете? Со какви наративи се справува претежно вашата заедница?

Откријте ги заедниците и наративите со омраза со кои ќе работиме

 

ActionAid - Italy

In Italy, ActionAid is working with a mixed group made up of activists committed to the issues of gender equality and citizenship rights, and young people aiming at rebuilding their self-confidence and reintegrating into work.

Critically analysing the context - in particular, the story that is made of it in the media - the group is learning how to recognise and deconstruct hate and/or discriminatory narratives to propose counter-narratives aimed at building a more open and inclusive society.

ADEL - Slovakia

Нашата примарна целна група се млади луѓе од загрозен дел од Источна Словачка, кои честопати се соочуваат со говор на омраза или стереотипи од другите и немаат многу можности.

Сепак, нашиот експерт има искуство во работа со млади Роми. Затоа, започнавме да ги планираме следните активности заедно со оваа целна група.

CGE - Germany

Стапивме во контакт со локалната заедница во регионот Тиринген, која доживува демографско смалување и движење на крајната десница. Ќе работиме со млади луѓе кои доаѓаат од економски загрозени градски области, каде што национализмот и расизмот се многу присутни. Луѓето што живеат тука се генерално сиромашни и имаат помалку можности, особено младите.

CID - Macedonia

Ќе работиме со млади луѓе на возраст од 14 до 25 години, со помалку можности да се вклучат во активности после училишт, млади луѓе подготвени да ја трансформираат својата заедница и да придонесат за позитивни промени.

Fryshuset - Sweden

Фрајсусет(Fryshuset) избра да работи со група мажи и жени на возраст од 15-20 години, од загрозената област наречена Вивала.

Обично во Шведска, младите од овие области се чувствуваат изоставени, немаат доверба во владите и властите и во основа се чувствуваат изоставени од општеството. Ние сакаме да им дадеме на овие луѓе платформа каде што тие можат да зборуваат за нивните индивидуални искуства за говорот на омраза, како што може да биде за еден млад црн маж од Вивала или Ринкеби. Во Шведска, луѓето со боја имаат помалку можности, што значи дека има многу фрустрација во ваквите заедници.

Имаме силно чувство дека овој проект ќе биде ценет и може да поттикне некои идеи за некои од учесниците да продолжат да работат со вакви прашања. Ние исто така веруваме дека ова може да ги охрабри да зборуваат за тоа во што веруваат и за тоа што сакаат да го променат. Се надеваме дека ова ќе биде добар почеток за нашите млади да застанат себеси и да бидат доволно храбри да зборуваат за проблемите што ги доживуваат.

MC BIT - Slovenia

Нашите учесници се универзитетски студенти од руралната област на нашиот регион. Тие во моментов се студенти на универзитет во нашиот главен град Љубљана. Сите тие се поранешни ученици на Средното училиште Шрномеj, така што тие се запознаени со темата што ја работиме.

MOJU - Portugal

Нашата група има разновидна позадина, од социоекономски загрозени семејства кои живеат во социјални проекти во соседства до млади од семејства од средна класа. Сите тие се борат против некакви проблеми како што се прашања поврзани со родова припасност, расна дискриминација, психолошки проблеми, малтретирање, семејно насилство и други.

Од толкава разновидна позадина, успеавме да работиме на многу теми. Понекогаш е тешко за групата да утврди само еден главен проблем, па затоа одземавме  добар дел од нашето време истражувајќи различни стратегии и теми. Имплементиравме многу активности за неформално образование во различни и возбудливи услови за да ги истражиме проблемите, да ги поттикнеме нашите вештини за концептирање и истите да ни помогнат да размислиме за неколку идеи. Конечно, избравме дискриминација во однос на расата, родовото изразување и напредокот / очекувањето во училиштата.

Sauga ANK - Estonia

Наша цел беше да вклучиме млади луѓе од 4 различни области на општината Тори (Сауга, Тори, Синди, Аре) за да добиеме различни ставови и мислења од споменатите области. Отворениот младински центар Сауга започна групен процес во воспоставување и дејствување како тим. Младинската група ја мапираше состојбата на младите во нивната заедница, дискутираа за разликите, се осврнуваа на говорот на омраза и водеа разни дискусии на следниве теми: како се изразува на училиште, дома, во јавна сфера, на социјално ниво итн.

Составот на групата млади е многу разновиден. Разгледавме различни населби како центри за привлекување, периферни области на општината Тори, но и образованието на младите (основни училишта, средни училишта, стручни училишта), родова еднаквост и нивно учество во јавниот живот, а секако и нивното вработување и социјално потекло.

USB - Greece

Нашата локална група се состои од тинејџери кои живеат во периферијата на нашиот град, Солун. Западната страна на Солун е позната како индустриска област. Индустриските области се сметаат за недоволно развиени бидејќи немало план за населување на тоа место. По бумот на финансиската криза, на многу области сега живеат жители со тешки финансиски проблеми.

Нашата група на малди со помалку можности се состои од млади возрасни лица кои растат на таквите места. Поточно, тие не можат да учествуваат толку лесно или воопшто на културни, политички и едукативни обуки, часови, културни настани, политички протести итн. Сите тие живеат во различни области од западниот дел на градот, кои во основа се мали заедници со многу малку можности да добијат пристап до политичко-економската и културната страна на животот. Патување до градот и центарот за оваа група на млади е доста отежната. Причините што стојат зад тоа се недостатокот на јавен превоз и патните трошоци потребни за да младите стигнат во градот.

YEU - Belgium

Нашите локални активности ќе бидат развиени преку RainbowHouse Брисел (RBH), чија главна цел е да се борат за правата на ЛГБТИ +. Нашата цел е да го препознаеме и идентификуваме говорот на омраза и наративите кон ЛГБТИ + колективот и да создадеме контра-наратив и механизми за спречување на истите.

Локалната младинска група која учествува во проектот се состои од млади ЛГБТИ + лица, на возраст помеѓу 21 и 29 години, кои живеат или го посетуваат Брисел и се соочуваат со потешкотии во нивната заедница. Тие имаат не-белгиско потекло; повеќето од нив пристигнаа неодамна во Белгија и претставуваат разновидна група на млади луѓе. Тие доживеале дискриминација на различни начини - од невербален, до вербален, до насилен - било да е тоа на работното место, на улица, па дури и во интимниот круг на семејство. Дискриминацијата се заснова на нивната јавно прикажана сексуална ориентација, во комбинација со други социо-политички фактори, како што се расата, да се биде странец или да не се совпаѓаат со стандардите за убавина.