Слика од мојот живот во Карантин

A picture of me

 

Беше март 2020 година. На училиште имавме недела на оценување, секој наставник зборуваше за датумите за тестирање. Нашата земја имаше 2 или 3 случаи на КОВИД-19. Еден ден пред нашиот тест за хемија, бевме информирани дека владата одлучила за целосен карантин во времетраење од 2 недели. Се разбира, како и секој ученик, бев среќен што добивме пауза од училиште. Се плашевме од КОВИД-19 и го поминавме целиот ден дома.

 

Првите денови од карантинот, немавме задачи од училиште и ги минував деновите останувајќи со семејството, правејќи активности во мојот двор и играјќи видео игри.

 

Но, после неколку денови, почна да ми станува здодевно.

 

Конечно, по две недели започна онлајн училиште. Почнавме да добиваме задачи и домашни работи. Иако онлајн часовите поминуваа добро и  учев нови работи, почна да ми недостасува традиционалниот начин на одење на училиште. Почнаа да ми недостасуваат и моите пријатели од училиште, но секако бев во контакт со нив. Секојдневно поминувавме време на интернет и игравме различни онлајн игри.

 

Покрај училиштето, станав попродуктивен и сам почнав да учам нови работи. Навлегов повеќе во програмирање и научив многу работи за развој на веб страни. Ова беше придобивката од останување дома, имаме повеќе време да истражуваме нови работи и да го пронајдеме она што ни се допаѓа и за што имаме интерест. Исто така, читав многу книги и гледав некои од најпознатите филмови и ТВ -емисии што не можев да ги гледам за време додека одев на училиште. Ова ми помогна многу да останам позитивен за време на карантинот.

 

Јас, исто така, бев дел од некои проекти пред карантинот, и за среќа, тие не беа откажани. Имавме состаноци преку зум (Zoom) и ова беше добар начин да останам во контакт со луѓе кои што ги сретнав подоцна. Благодарение на овие проекти, запознав и нови луѓе од различни држави и суште имам контакт со нив.

 

Карантинот ми помогна многу да се развивам психички, но за жал, многу луѓе се разболуваа и за жал  имаше и смртни случаи. Апелирам до сите луѓе да примат  вакцина за да можеме побрзо да ставиме крај на овој вирус и целосно да се вратиме на вообичаениот живот.

 

Артин Реџепи

Куманово, Северна Македонија

 

Артин е член на локална младинска група која директно работи во нивната заедница за да се справи со прашањето за сегрегација, родови стереотипи и говор на омраза во мултиетничка заедница.