BRAVE NEW YOU, BREAK THE HATE!

BRAVE NEW YOU, BREAK THE HATE!

Онлајн кампањата #MyInclusiveEurope започнува официјално. Младите под ризик од исклучување ќе станат главни актери на европско ниво и во нивните заедници.

Не им веруваме повеќе на луѓето, но веруваме на сè што е напишано на Интернет. Овој процес честопати доведува до ксенофобија, национализам, говор на омраза, хомофобија и мизогинија, наместо праведност и солидарност.

Од оваа свест произлегува онлајн кампања Brave New YOU: #MyInclusiveEurope. За време на меѓународната размена на млади, младите учесници во BNY ќе разменуваат лични приказни и најдобри практики, деконструирајќи ги стереотипите и подготвувајќи политички предлози за поинклузивна Европа.

Европскиот проект Brave New YOU-Reloaded има за цел градење на капацитети и доверба меѓу различните младински заедници - нивно приближување и на локално и на меѓународно ниво - за да создадеме заедно поинклузивна и слободоумна Европа. Учесници се 50 млади луѓе од 10 земји (Белгија, Естонија, Германија, Грција, Италија, Северна Македонија, Португалија, Словачка, Словенија и Шведска). Тие се повикани да разговараат и да ги споделат своите искуства за говорот на омраза за да сите заедно изградат алтернативни наративи.

Информации за локалната група и активностите

Таргет групата за овие активности се млади средношколци кои доаѓаат од различно потекло (верско, етничко, географско). Се разбира, оваа група е основната група на млади од ранливи категории со кои работиме во склоп на овој проект. Заедно со нив имплементиравме две онлајн работилници.

Со помош на овие онлајн работилници младите имаа можност да научат што е говор на омраза и злосторство од омраза и како да ги препознаат. Преку овие работилници имавме кратка сесија за меѓукултурен дијалог, што е многу важен сегмент за младите луѓе од различно потекло. Направивме добра кохезија и соработка во групата и со нетрпение очекуваме да спроведеме повеќе активности заедно.

Brave New YOU - Reloaded е финансиран од Еразмус + Програмата на Европската унија за образование, обука, млади и спорт (2014-2020). Собира 11 партнери од 10 земји низ Европа со експертиза за работа со различни групи млади од загрозени и маргинализирани области. На подолг рок, проектот има за цел да обезбеди механизам за достигнување и вклучување на младите од загрозено потекло, преку специфични промени во политиката и програмата. Така, на крајот од проектот, ќе биде објавен прирачник за најдобри практики стекнати од младински организации и групи и ориентационен документ ќе биде објавен за идните активности.

 

Center for Intercultural Dialogue (CID)Center for Intercultural Dialogue (CID)