Искуство од Младинската Размена во Метлика, Словенија

Работа во група со мојот тим

Јас сум Наталија Цветковска, волонтер и учесник во програмите и проектите на ЦИД веќе 7 години. Во периодот од 24.09.2021 до 29.09.2021 учествувавме на размена во Метлика, Словенија. Проектот беше под покровителство на YEU. Имаше учесници од 10 земји, Словенија, Словачка, Португалија, Естонија, Белгија, Шведска, Македонија, Германија, Италија и Грција. Ние бевме 5, ги застапувавме ЦИД и нашата држава. Патешествието до Словенија беше мошне интересно, патувавме 13 часа и поминавме 3 држави дури да стигнеме до нашата конечна дестинација. Пристигнавме во вечерните часови во Метлика. Имавме вечера и слободно време за да се подготвиме за утрешниот ден. Работилниците и сесиите секој ден ни почнуваа во 09:30 часот наутро, а ги завршувавме активностите во 18:00 после која имавме reflection group со нашите ментори кои ги водеа групите. Првиот ден помина во меѓусебно запознавање помеѓу нас и нашпте фасцилитатори со кои го делевме секојдневието 8 дена. Првиот ден исто така се запознавме со темите на кои ќе работиме и ќе ги разработуваме. Се помина во најдобар ред бидејќи се запознавме и за многу брзо време сфативме дека иако доаѓаме од различни земји, сите сме со различни карактери, сите потекнуваме од различна верска и национална припадност, сите ние потекнуваме од различни култури, сфативме дека не спојува едно нешто: нашата волја да научиме нешто повеќе и нашата желба за подобро утре на сите нас. Темите на кои работевме беа: Предрасуди и дискриминација врз Ромите; Родово засновано насилство; Хомофобија и Трансфобија; Стереотипи и предрасуди кон младите од руралните средини; Расизам и расна дискриминација; Етнички стереотипи и сегрегација; Загадување и климатските промени; Предрасуди и дискриминација кон бегалците и имигрантите:. Како што реков погоре бидејќи сите доаѓаме од различни земји, сите не засегна барем по една од темите на кои работевме. Начинот на работа беше во групи во кои бевме измешани и некои од темите ги работевме во нашите национални групи. Јас конкретно работев на  Prejudice and discrimination against Roma people“, затоа што некако почуствував дека највеќе можам да кажам кога се работи за оваа тема бидејќи имаме секојдневни примери во нашиот град Куманово. Ја разработивме темата така што пишувавме што мислиме за нив, како се таргетирани и што навистина стои зад тие напи зборови. Работев заедно со Емилија од мојот национален тим и со нашата фасцилитаторка Ева од Словенија. Нашата конечна работа ја презентиравме пред остаток од групите кои работеа на други теми. Секако дека имавме и слободно време кое го поминувавме сите заедно како една голема фамилија. Имавме активности од типот на treasure hunting(со оваа активност ја запознавме Метлика во друго светло), team building покрај реката Колпа во попладневните часови(игравме фудбал, зборувавме и секако се капевме во реката), имавме караоке вечери и секако неизбежна беше интеркултурната вечер во која ги претставивме нашите земји и култури преку нашата традиционална храна и по некој збор повеќе за нашата држава. Имавме бескрајно забавни и незаборавни поминати вечери. Од Словенија заминавме полни со емоции, створени пријателства и конекции за цел живот, научени работи кои ќе ни користат во секојдневниот живот. Кога веќе дојдоа на место сите работи и сите впечатоци од Метлика сфатив едно нешто: Тргнуваш на пат кој е чист и неиспишан, не знаеш што те чека и не знаеш што очекуваш, кога веќе си тргнал знаеш дека мора да го изодиш и искусиш на најдобар можен начин. Јас мојот пат во Метлика го завршив со нови искуства, научени работи, пријателства, спомени кои секогаш ќе ги носам во мојот куфер наречен живот.