Пријатели од различна етничка припадност

Групна слика од заеднички проект

Јас сум израснат во албанскa средина и немав шанса да запознаам

македонски пријатели. Беше тешко да се најде пријател македонец, бидејќи нашата

заедница имаше многу негативни стереотипи за нив, но и македонската

заедница имаше многу негативни стереотипи за нас. Ние сме воспитани да размислуваме

дека сме различни едни од други. И повеќето луѓе можат да умрат со

овие мисли, освен ако немаат шанса да запознаат луѓе од „другата

страна “.

Оваа приказна за мене се промени благодарение на младинскиот центар во мојот град, кој

ни овозможи да се вклучиме во различни проекти. Во овие проекти имаше  повеќе учесници

од мојата генерација кои беа македонци. Имавме можност да се сретнеме

меѓусебно, дискутираме за различни теми, да ги споделуваме нашите мислења и да се дружиме.

Додека ги споделувавме нашите мисли, сфативме дека сме речиси

исти и дека стереотипите не прават различни. Почнавме да излегуваме

едни со други и одевме заедно во кафулиња кои што до тогаш

беа „само за Македонците“ или „само за Албанците“.

Сфативме дека работите што го прават човекот добар пријател се сосема различни

од неговата/нејзината етничка припадност.

Интересно е и тоа што кога имате пријатели од различна етничка припадност, вие

учите  нови работи и добивате различно гледиште за многу нешта.

Пред да се здружам со македонци, не можев да зборувам и да разбирам

македонски, но откако поминав време со нив сега можам да зборувам и

ги разбирам многу добро. Истото важи и за нив.

Имањето пријатели од различна етничка припадност ми помогна многу и охрабрувам

сите мои врсници да запознаат луѓе со различно етничко потекло, бидејќи тоа

ќе им го направи животот поинтересен.

 

Артин Реџепи

Куманово Северна Македонија