Приклучување кон проектот Brave New YOU – Reloaded

Слика од Милена

КОВИД- 19 дојде брзо и не фати неподготвени. Сепак, CID најде други можности да продолжи со организирање на проектите. Почнавме да организираме активности преку Интернет, но, откако дојде до олабавување на мерките, почнавме да ги организираме работите со физичко присуство според сите протоколи донесени од нашата влада.

 

Во нашиот град, една од нашите волонтери, Милена Богдановиќ, го сподели своето искуство за приклучување кон проектот Brave New YOU - Reloaded.

 

„Наидов на проектот Brave New You преку мојот пријател, тој ми го препорача и решивме да аплицираме. По неколку дена и двајцата бевме прифатени и заедно учествувавме на проектот “ - рече Милена. „Работевме на темите за родовата нееднаквост и  дискриминација“ - продолжи таа. "Прво, се едуциравме и истражувавме за темата, потоа дискутиравме за прашањата во поголеми групи со повеќе учесници. Дискутиравме и што можеме да сториме за да спречиме да се случуваат такви работи. Многу други млади луѓе сакаа да се едуцираат за овие важни теми и учествуваа исто така".

Милена, исто така, сподели со нас за работата во поголеми групи и што разговарале за идните активности што би можеле да ги направат. „Решивме да снимаме кратко видео со мотивациони говори за еднаквост помеѓу нашите учесници. Исто така, сакаме да направиме кратка работилница каде младите луѓе ќе се активираат и едуцираат за ова прашање “.

Не ја поштедивме  и за прашањето што научија во проектот, така што таа ни рече: „Научив многу работи од овој проект, на пример, за тоа како се третираат жените во нашиот регион и како некои луѓе се дискриминирани за нивната боја на кожа или националност “. Милена, исто така, ни кажа дека научила и за глобалните проблематики и како другите земји ги решаваат. „Работиме на намалување на истите, иако имаме уште многу работа, се надеваме на среќни резултати во иднина“.

Бидејќи КОВИД-19 беше голем предизвик, таа ни рече дека најголемиот предизвик со кој се соочила е тоа да не може да учествува во повеќе проекти/активности. „Беше потешко да комуницирам со луѓе, а исто така и проектите на кои учествував беа онлајн и не беа толку ефикасни како вистинските проекти лице в лице. Беше потешко да се справам со тоа затоа што цело време бевме дома и беше отежнат начинот на учење. Но, конечно, кога дојде до олабавување на мерките  можевме да продолжиме со активностите и постигнавме многу работи со кои сме горди “, заврши Милена.

Милена Богдановиќ

Куманово, Северна Македонија