Виртуелна Младинска Размена

Слика од мене

Италија изгледа како одлично место за посета и има неверојатна храна. Сите знаеме дека патувањата чинат многу пари, па затоа постои креативен начин да се искуси и научи за нови култури без да треба да ја напуштаме куќата. Јас ја имав таа среќа да бидам дел од проектот „Brave New You“ кој ми овозможи да го стекнам тоа искуство. Бидејќи размената се одвиваше онлајн можев да се вклучам во било кое време од денот и со тоа јас добив многу работи како стекнување на нови пријатели, учење за нови култури и традиции, запознавање со моменталните глобални проблеми, на личен план учев да бидам трпелива и добар слушател.

Покрај позитивните страни, онлајн младинската размена имаше и негативни страни поради долгото време поминато на компјутер.Понекогаш бев малку уморна, ги оптоварував очите поради долгото гледање во екран и исто така негативна страна беше тоа што не можев да ги доживеам случките  онлајн како што би ги доживеала во живо.

Севкупно да се биде дел од вакво нешто е супер искуство. Научивме дека виртуелните размени имаат потенцијал да  го премостат јазот и да им помогнат на луѓето од различни делови на светот да бидат заедно.

 

Делвина Сејдиу
 

Куманово, Северна Македонија